Општи информации

Наслов: Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје
Организација:   Здружение на граѓани Центар за одржливи иницијативи - Скопје
Контакт:

Петар Дељан 2-5/16,
1000 Skopje,
+389 77 722294,
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Време-траење:   март 2022 - февруари 2023 година
Донатор: ГЕФ - ПМГ Република Северна Македонија
Поддршка: Фамод, Акрон, Пасворд продакшн, Про-дизајнБранимир компани, Леснина Ми, Југоимпекс, Монозеро, Дрвотекс, Прима промет, БлажичБибатерк, Инфини студио
Буџет: 51314 САД долари ( 30611 САД долар од страна на ГЕФ ПМГ)

 

 

Краток опис на проектот

   Главната цел на овој проект е промовирање социјално-одговорни и еколошки практики во столарството кои ќе водат кон намалување на отпадот од мебел индустрија, преку создавање на Столарски едукативен центар. 

   Конкретните цели на проектот се поделени во три области:
   Еколошката конкретна цел е употреба на најмалку 1 тон материјал (пред се на иверка) кој се јавува како остаток во производните процеси на мебел индустријата.
   Едукативната конкретнана цел е промоција на одржливи практики во столарството преку организирање на 5 работилници, за вкупно 50 лица; на 500 лица да им овозможиме да имаат корист од производите направени од материјалот кој поинаку би завршил како отпад; и да достигнеме досег до најмалку 10000 лица на социјалните медиуми.
   Социјалната специфична цел е да овозможиме подготовка за вработување во индустријата за мебел, преку организирање на работилница за 10 лица. Со што личниот капацитет на најмалку 5 лица би се подигнал и би им се оствариле можности за вработување во мебел индустријата. 

   Проектните активности се:

  1. Подготовка на програми и лица за едукативни работилници во областа на столарството и мебел индустријата.
  2. Работилница за лични вештини од областа на столарството наменета за лица кои претходно немале столарско искуство и која може да насочи кон вработување.
  3. Едукативни столарски работилници наменети за хоби столари.
  4. Управување со мрежа за одржливо столарство каде ќе бидат поврзани компаниите - поддржувачи на проектот и други компании кои ќе изразат желба да станат дел.
  5. Видливост и пренесување на резултатите.

   Во активностите предвидени со проектот предност ќе се дава на учеството на жени. 
   Работилниците ќе се одвиваат на Македонски јазик.

 

Како можеш да се вклучиш во проектот

   За хоби столарки и столари
   Едукативните столарски работилници се наменети за вас. Работилниците ќе бидат водени под инструктажа на искусни професионални столари и во рамки на тие работилници ќе можете да изработите елемент кој ќе може да си го задржите или пак ќе може да го подарите за добротворни цели.

   За лица кои сакаат да пробаат столарство
   За лицата кои немаат искуство со столарство и особено немаат искуство со електричен рачен алат, а сакаат да научат или бар да пробаат, подготвуваме Работилница за градење на лични вештини од областа на столарството каде ќе може токму тоа да го научат и да добијат знаење и самодоверба во однос на основните столарски вештини поврзани со употреба на рачен алт. Овие работилници ќе бидат предводени од искусни столари кои се дел од компаниите - наши поддржувачи. Нашата поврзаност со мебел индустријата ќе овозможи оние кои сакаат да работат во областа на столарството да бидат промовирани доколку се истакнат како вешти.

   За компании
   За компаниите кои сакаат да се поврзат со овој проект и да се вклучат во процесот на популаризација и промоција на столарската фела, добредојдени се да учестуваат во Советодавниот одбор на Столарскиот едукативен центар. 

   За изразување на желба за учество испратете порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или следете ги повиците на социјалните страни на проектот: Facebook или Instagram.

 

Идејата и визијата позади проектот

   Нашата долгорочна цел е да се воспостави Столарски едукативен центар во кој покрај едукативните работилници, ќе се организираат настани за презентација на алати, материјали и вештини од областа на столарството и правењето намештај. Понатаму Центарот може да прерасне и во место за соработка на хобисти. 
   Финансиската одржливост на Центарот ќе биде постигната преку наплата на котизација на учество во едукативните работилници, односно членарина за Центарот.

   Столарскиот едукативен центар својата работа ќе ја темели на соработката со компании од столарската (мебел) индустријата, кои со своето членување во Советодавниот одбор на Центарот ја советуваат и ја помагаат неговата работа. Воедно, сите едукативни активности се спроведуваат благодарение на оваа соработка, каде едукаторите се од редовите на професионалците на компаниите. Во Советодавниот одбор членуваат и други организации и институции кои сакаат да ја помогнат работата на Центарот придонесувајќи со својата стручност.