Глобален еколошки фонд   Програма за мали грантови -

- ГЕФ ПМГ Република Северна Македонија

-----   Локални акции за глобално влијание   ----- 

 

Мастерклас: Оштрење на длето и рачен струг

 

Мастерклас со Џо Јуча на 9 јуни, четврток, од 20 до 22 часот, во просториите на Пасворд продакшн, каде се одвиваат активностите на Столарскиот едукативен центар, на ул 8ма Ударна бригада бр. 39/-1.

Наменета е за сите кои сакаат да научат или да ја подобрат својата техника на оштрење на длето и рачен струг. Охрабруваме да се пријавуваат жени и млади лица.

За време на овој мастерклас ќе се работи на длета и рачни стругови кои се подарок од членови на Здружението за антички алатки и индустрии Потомак (PATINA) од Соединетите Американски Држави, по дарени на нашиот Столарски едукативен центар и кои ќе останат во наша сопственост за да се користат за потребите на работилниците. Оштрењето на алатите ќе биде со помош на брусна хартија.

Работилницата ќе ја спроведува Џо Јуча од компанијата Билдинг ту тич (Building to Teach), мајстор столар со преку 30 години работно искуство во фино столарство и изградба на бродови од дрво. Во изминатите години се занимава со обуки на столари, како и пренесување на вештини по математика на деца преку држење обуки за изградба на бродови од дрво.

Работичницата е ограничена на 10 лица, со цел да се овозможи ефективно пренесување на знаењата од мајсторот столар и за да се овозможи комоција на движење и работа во просторот. Ваше е да понесете лична заштитна опрема (заштитни наочари, заштитни ракавици, FFP2/N95 маска и заштита на слухот) и да сте соодветно облечени за работа и можна прашина. 

Работата во рамки на оваа работилница ќе се одвива самостојно. Пријавувањето е на принципот - прво пријавени - прво запишани.

Алатите кои ќе се употребуваат се стари алати, подарени од членовите на Здружението за антички алатки и индустрии Потомак.

Оваа работилница е дел од проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје, сроведуван од страна на здружението на граѓани Одржливи инивијативи од Скопје, а финансиски поддржано од ГЕФ ПМГ РСМ. Компании поддржувачи на работилницата: Билдинг то тич, Акрон, Фамод, Бранимир компани, Про-дизајн, Југоимпекс, Дрвотекс, Блажич, Монозеро, Прима промет, Биба терк, Инфини студио и Пасворд продакшн. Благодарение на таа поддршка, пилот работилнициата ќе биде бесплатна.

 

Столарството е предизвик со кој ќе се гордеете.

 

Што е Мастерклас

  • Тоа е кратка работилница во која ќе имате можност да добиете знаење и искуство пренесено од вешт мајстор по столарство.

 

Работилницата на кратко:

  • Активна надградба на столарските вештини низ работа.
  • Искусни професионалци ви го пренесуваат своето знаење од столарската професија.
  • Ве поврзува со професионалци.
  • Активностите се одвиваат во работилница во централно градско подрачје.
  • Работилниците се развиени од професионалци и експерти во својата област.

 

Кој може да учествува на работилницата:

  • Основни критериум за учество на работилницата:
  • Да се полнолетни - наполнети 18 години или повеќе.
  • Да имаат завршено најмалку основно образование (пожелно средно образование).
  • Да имаат способност јасно да комуницираат на англиски јазик.
  • Да имаат основни познавања по математика.
  • Да имаат искуство во работа со рачен алат.
  • Да се обврзат на полно учество во работилницата.

Се охрабруваат да се пријават жени и млади лица.

Пожелно е да имате или да сакате да си извадите осигурување против незгода.

 

Програма на работилницата:

9 јуни Оштрење на длето и рачен струг

  • Цел: подготовка на алати за работа
  • Проект: Оштрење на длето и рачен струг
  • Материјал: стари длета и стругови, подарок од членовите на Здружението за антички алатки и индустрии Потомак.
  • Вештини: оштрење и подесување.
  • Алати: длето и струг.

 

Прашања кои ве мачат:

 

Колку трае програмата

  • Програмата вкупно трае 2 часа, во еден ден - четврток. На 9 јуни, од 20 до 22 часот.

 

Дали програмата е цело време во работилница

  • Да

 

Дали ни треба алат?

  • Во работилницата го имаме потребниот алат.

 

Каде може да извадам осигурување во случај од незгода?

  • Осигурување во случај од незгода може да извадите од било која осигурителна компанија, а чини околу 1200 денари годишно.

 

Како да се облечам за на активностите?

  • Облеката треба да ви биде соодветна како за работа. Можно е понекогаш да има прашина, а можно е понекогаш да има и масло. Во тоалетот може да се преслечете.

 

Дали просторот има прозор за вентилација?

  • Просторот се наоѓа едно ниво под земја, но е поврзан и има отворен пристап до двор со што има можност за природна вентилација, дополнително постои и систем за вентилација.

 

Дали има паркинг за велосипеди?

  • Пред просторот, на ул. Димитрие Чуповски, на прометна и видлива локација има паркинг за велосипеди на Општина Центар од типот „П“, каде може да се врзат четири велосипеди.

 

Како можам да пристигнам до работилницата со автобус?

  • Доколку користите автобус, најсоодветно е да земете автобус кој ќе ве однесе до „Багат“, односно „Рекорд“ или „Музичка младина“, броеви: 3, 4, 5, 7, 15, 21, 22, 24, 26, 33, 44, 50, 57 и 59.

 

Каде може да паркирам автомобил?

  • Просторот се наоѓа во строгиот центар на градот каде паркингот е многу ограничен. Најдобро е да паркирате во една од катните гаражи или поголемите паркинзи, па да поодите пешки.

 

Која е цената за учество во работилницата?

  • Цената за учество во работилницата е 250,00 денари од час. Оваа работилница има вкупно 10 часа односно 2.500,00 денари. Меѓутоа, благодарение на проектот Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје и  поддршката од ГЕФ ПМГ РСМ, оваа работилница е бесплатна.

 

 Каде моќе да се пријавам?