Индекс на артикл

Четврток, 20 мај 2021 година Скопје: Одржливи иницијативи бара помош од граѓаните на Скопје да ги идентификуваат не толку познатите музеи во Скопје и околината.

Со интернет анкета на тема Музејот кој само вие го знаете Здружението на граѓани Одржливи иницијативи од Скопје преку социјалните медиуми бара од граѓаните да помогнат во идентификување на музеи кои не се толку познати на јавноста.

Анкетата се спроведува во рамките на проектот Скриените музеи на Скопје, со кој ќе се изработат напатствија за само-водечка културна, велосипедска прошетка по не толку познатите музеи на Скопје и околината. 

„Предвидено е да се одредат две велосипедски рути, едната во централното градско подрачје, а другата во периферијата на Скопје, со што би се опфатиле што е можно повеќе музеи.“ вели Мери Бакалова, координатор на проектот.

„Проектот промовира само-водечки туризам кој наназад со години е популарен во светот, а кај нас е во раните почетоци.“ вели Бојан Ранташа советник за велосипедски туризам. „Тоа е тип на туризам кој се повеќе се бара токму со оглед пандемијата на Корона вирусот. Лицата со помош на мапа и пишани или аудио напатствија се движат самите до локалитетите со што се одбегнува групирање и потенцијалот за зараза.“ додава Ранташа.

Повикот е отворен за сите кои знаат за музеј кој не е толку познат за јавноста, а тоа може да бидат дел од јавни установи, компании или во сопственост на приватни лица. А оваа информација може да ја остават на формуларот на сајтот на Одржливи иницијативи: www.inicijativi.org.mk.

Проектот е поддржан од страна на Министерството за Култура и Град Скопје, а е спроведуван во соработка со Музејот на Град Скопје.